(ВИДЕО) Мисајловски: Ќе поднесеме интерпелација за Николовски и за Маричиќ

Од:

Македонија со Заев падна на 111 место на листата на корупција на Транспаренси, убедливо најлошо до сега, а состојбата со корупцијата е полоша и од Косово, Танзанија, Гамбија и Белорусија. Ова е пад од цели 45 места само во годините на управувањето и на лажните реформи на правниот систем на Зоран Заев реше на прес конференција потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. Поради ова најави дека неговата партија ќе поднесе интерпелации за вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски и за минситерот за правда, Бојан Маричиќ.

„Повеќе од година дена немаме разрешница за најголемата рекетарска афера во Европа. Бојан Јовановски, кој сите го видовме со полна торба пари, во судница кажа дека парите од рекетот да се бараат кај Зоран и Вице Заеви, а обвинителството не ги ни повика ниту на распитување. Сите го видовме Ден Дончев, како трпа туциња пари во торба, а ЈО требаше барем да започне истрага каде завршија парите.
Целата јавност слушна како контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, кажува дека му дал 300.000 евра на Заев и дека дал ветување за маркица за бензинска, како и дополнителни 2000 метри квадратни простор во комплексот кој ќе го гради на местото на ШИК ЈЕЛАК, а случај повторно нема. Обвинителството и тука молчи. А обвинителството молчи и за Леонардо, каде слушнавме како власта си договара аванта, во случај каде што имаше скроена постапка за набавување на изнајмување на хеликоптерски систем по екстремни високи цени“ – рече Мисајловски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази