ДКСК: ТИ нотира пад во владеење на правото и човековите права и слободи

Од:

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернејшенел покажува дека, со освоените 35 индексни поени, Република Северна Македонија стагнира во борбата против корупцијата, но едновремено бележи и пад од пет места на ранг листата на земјите. Според методологијата, за оценката на Северна Македонија користени се седум извори на податоци, а според моменталните расположливи информации пад е забележан во областите на владеење на правото и на човековите права и слободи, соопштува Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со перцепцијата на корупцијата на Транспаренси Интернејшенел.

– Она што навистина загрижува и што со години наназад се случува е недостигот на ефикасност во справувањето со корупцијата, иако декларативноста е секогаш високо изразена. Но за ефикасна борба покрај нормираниста и декларативноста неопходни се и адекватни ресурси на надлежните институции и надзорни тела и што е уште поважно, посветеност и проследување на случаите на корупција и судир на интереси. Влијанието на политиката, злоупотребите на службената положба и овластувања, непотизмот, клиентелизмот и кронизмот се сеуште широко распространети. Делувањето на ДКСК, покрај другите надлежности е особено насочено и во овие области кои се препознаени како високоризични и се дел од мерките утврдени во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, се вели во соопштението од ДКСК.

Нагласуваат дека за успешно завршување на детектираните случаи и надминување на воспоставените негативни состојби неопходна е и спроведливост на нејзините препораки, укажувања и иницијативи од страна на надлежните институции. Токму тоа е констатирано и препорачано и во последниот извештај на Европската комисија за напредокот од 2020 година, нецедуваат од Антикорупциската комисија

Би можело да ве интересира

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Димитровска: ДКСК постигна значителен успех во борба против корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче 6 години криел 5 стана, неговите анкетни листови се доказ, ги праќаме во соопштение сами нека воочат

ДКСК побарала податоци за имотната состојба на генералниот секретар на Владата и за патувањето на синот на премиерот во САД

ДКСК: Дипломатскиот пасош е право, а не привилегија, службени возила не сме побарале

ДКСК оформила предмети за заменик директорката во Агенцијата за разузнавање и за поранешниот заменик министер во МВР