Државниот инспекторат за животна средина изврши инспекција во компанијата „Дојран Стил“

Од:

Државниот инспекторат за животна средина соопшти дека нивни инспектори во присуство на директорката Ана Петровска, вчера извршиле инспекција во компанијата „Дојран Стил“.

Инсталацијата за челични производи, како што се посочува, поседува сертификати за стандардите за управување со животна средина – ИСО 14001 и за енергетска ефикасност. – ИСО 50001 и постојат планови годинава да се замени фосилното гориво (мазут), што се користи во жаречката печка, со гас.

Досегашните мерења на емисиите во воздухот не биле правени од лабораторија што поседува соодветна акредитација. Затоа наскоро ќе се прават вонредни мерења во присуство на инспектор. Акредитираниот стандард што се применува е гаранција дека мерењето се врши при полн капацитет на производство и дека мерењата ќе бидат меродавни. Евентуални надминувања на граничните вредности ќе значат примена на дополнителни мерки за намалување на емисиите. Ќе се проверува и одводот од платформата за преточување на мазут за да се спречат евентуални хаварии. Неопходно е и подобрување на складирањето на течен отпад. Се грижиме инсталациите постојано да применуваат висок степен на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните низ целата земја, стои во соопштението од Државниот инспекторат за животна средина.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари