Првиот митинг одржан на Стариот континент, во Рим од Дијамантската лига го донесе и првото големо изненадување,најбрзиот човек на сите времиња, Усаин Болт доживеа пораз во трката на 100 метри.
Џастин Гетлин ја прекина серијата на Болт од две последователни победи на Олимискиот стадион во Рим.
Спринтерот од Соединетите американски Држави на целта пристигна со време од 9 секунди и 94 стотинки. Болт зад победникот заостана еден стоти дел додека третото место му припадна на Французинот, Џими Вико.