Македонците во Албанија го актуелизираат барањето за формирање посебни општини Голо Брдо и Гора

Од:

Седум години од усвојувањето на Законот за новата територијална поделба на Албанија, на која тогаш се противеше македонската заедница во земјата, македонското друштво „Илинден“ – Тирана и огранокот за Голо Брдо повторно го актуелизираа прашањето за формирање две нови општини Голо Брдо и Гора, кои би биле населени главно со Македонци.

– И по седум години од новата организација на локалната самоуправа, областите Голо Брдо и Гора каде што живеат Македонци, останаа неразвиени, а услугите од државната администрација и локалната самоуправа отежнати. За илустрација само за еден документ се патува два и повеќе часа часа, до Булќиза каде припаѓаат поранешните општини Острени и Требиште, односно до Либражд каде територијално припаѓа поранешна општина Стеблево. Поранешните општини Шиштевац и Запот во областа Гора, пак, сега припаѓаат на општината Кукс, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Тој додава дека и едната и другата област се најнеразвиени и со тоа и најсиромашни, поврзани се со лоша патна инфраструктура, зашто повеќето од патиштата се уште не се асфалтирани, нема никакви можности за вработување, а и земјоделските и сточарските производи тешко ги пласираат на пазарот.

-Во континуитет бараме Владата во Тирана да предложи измени во законот со формирање на две општини – општина Голо Брдо и општина Гора, бидејќи со нивното формирање ќе се олесни животот на Македонците во овие делови на Албанија, смета Ѓурѓај.

Поранешните општини сега функционираат како административни едници,со наименуван администратор од страна на градонаалнците на општините кон кои припаѓаат а во согласност со Владата.

Пред донесувањето на законот за територијалната поделба во Албанија функционираа 385 а сега 61 општина.Единствена македонска општина со законот е општина Пустец, област Мала Преспа.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија