Берлин ги оквалификува како „шокирачки“ и „непропорционално насилство“ акциите на полицијата врз демонстрантите во Турција и побара Анкара да престане со тие акции.
Големиот број уапсени и повредени луѓе е шокирачки факт. Ја повикуваме турската Влада да прекине со непропорционалното насилство, изјави Маркус Леонинг одговорен за човечки права во германската Влада.
Во демонстрациите во Турција кои траат веќе една недела загинаа три лица – двајца демонстранти и еден полицаец. Синдикатот на турските лекари соопшти за 4.355 повредени од кои 47 се во тешка здравствена состојба.