Јавноста во Велика Британија е во шок и тага, откако се прочу веста дека една девојка од околината на Ливерпул, штотуку дипломирана учителка, ја загубила животот битката со Ковид-19, и тоа на својот 25-ти роденден.
Клаудија Марш, која неодамна ги завршила сите испити и требала да почне со работа како просветен работник, починала „ненадејно и неочекувано“, според хуманитарната организација во којa волонтирала.
Организацијата, која пред неколку години ѝ помогнала на девојката да закрепне од пореметување во исхраната, ја нарече Марш „ѕвезда на надежта“ за другите луѓе.
Клаудија, чија мајка во изјава за медиумите рече дека била „прекрасна ќерка и неверојатна сестра“, починала минатата недела во Кралската универзитетска болница во Ливерпул.
Британија е на дното во Европа според вкупниот број смртни случаи – Ковид-19 досега однесе речиси 100.000 (98.531) човечки животи во државата. Во последните седум дена, во просек умираа по околу 1.200 Британци дневно.