Општината и полицијата ветуваат поголема безбедност на „Индустриска улица“ во Тетово

Од:

Од Општина Тетово информираат дека ги имаат во предвид барањата на жителите на градот кои вчера протестираа на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ барајќи поголема безбедност. Според локалната самоуправа сите барања на граѓаните се реализираат со конкретни проекти.

– Во врска со безбедноста во сообраќајот на пешаците, а конкретно на Индустрискиот булевар во Тетово, секторот за општински активности во соработка со општина Тетово досега неколку пати испрати писмо до СВР Тетово, за почести проверки на брзината на возилата оваа градска улица. Исто така, сервисирана и одржувана е вертикалната сигнализација на патот, како и семафорите во близина на училиштето „Кирил и Методиј“, кои и денес се во функција. Во врска со барањето за поставување пречки на патот со цел ограничување на брзината на возилата, ве известуваме дека општина Тетово ќе побара согласност од СВР Тетово за нивно поставување, како и за изградба на надвозник, секогаш дејствувајќи во рамките на закон како и земајќи го предвид фактот дека тоа е автопат, се вели во известувањето од Општина Тетово.

Од тетовската полиција посочуваат дека постојано се работи на контрола на сообраќајот на оваа делница, но велат дека нема друго барање од општината за специфично сообраќајно решение.

-Од Општина Тетово преку електронска пошта се добиени барања за почести контроли на „Видое Смилевски-Бато“ што редовно се прави. Се контролира брзина на движење на возилата, техничка исправсност и слично. Исто така со контролите се опфатени и пешаците. На оваа сообраќајница се користи радар и во ноќно време, меѓу ретките сектори за таква техничка можност во државата. Од локалната самоуправа немаме добиено барања за друг вид мерки. Во 2013 последно барање за оваа улица е околу нови кружни текови на „Видое Смилевски-Бато“ и други сообраќајници. Минатата година нема официјално барање до СВР Тетово поврзано со оваа улица, инфомираат од СВР Тетово.

Тетовци кои вчера протестираа бараат преземање итни мерки за да се спречат идни несреќи со поставување грпки, физичко делење на средината од булеварот и движење преку постојните премини, подигнување на пешачки премини на повисоко ниво од асфалтот, со вертикална и хоризонтална сигнализација, како и со нивно осветлување во текот на ноќта како и надвозник за одење до ОУ „Кирил и Методиј“. На 13 јануари шест годишно девојче го загуби животот отакако беше удрено од возило.

Според СВР Тетово, во текот на минатата, 2020 година, на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово регистрирани се, односно се случиле вкупно 50 сообраќајни несреќи, од кои 30 со повредени лица и 20 само со причинета материјална штета. Оваа делница претставува и магистрален пат.

Би можело да ве интересира

Двајца мажи му се заканувале на вработен во Општина Тетово

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година

Извештаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе се готови, Таравари повика да делуваат судските органи ако се утврди лекарска грешка

Катерина Ѓуровски