Откази за шефови на уште три американски меѓународни медиумски куќи

Од:

Шефовите на три американски меѓународни медиумски куќи, финансирани од американската федерална Влада, доцна синоќа ненадејно се отпуштени, а беа назначени на тие позиции за време на Доналд Трамп во американската Агенција за глобални медиуми (УСАГМ).

Двајца функционери запознаени со измените, рекоа дека вршителот на должност генерална директорка на УСАГМ Келу Чао ги разрешила директорите на Радио Слободна Европа / Радио Слобода, Радио Слободна Азија и Радиодифузни мрежи на Блискиот исток, само еден месец по нивното назначување.

Измените се случија еден ден по разрешувањето на директорот на Гласот на Америка и неговиот заменик, и оставката на шефот на „Канцеларијата за Куба броадкастинг“.

Извршниот директор на Американската агенција за глобални медиуми (УСАГМ), Мајкл Пек, поднесе оставка од позицијата во средата попладне, на барање на американскиот претседател Џозеф Бајден, само два часа откако Бајден положи заклетва. По оставката на Пек, следуваа дополнителни отпуштања.

Демократите и другите го обвинија шефот на Трамп на УСАГМ, Мајкл Пек, дека се обидел да ги претвори Гласот на Америка и нејзините сестрински радиотелевизии во пропагандни машини за Трамп, потсетува агенцијата Бета.

Пек дури во декември ги именуваше оние кои беа отпуштени вчера и во четвртокот.

Белата куќа во средата ја назначи Келу Чао, долгогодишна новинарка во Гласот на Америка, за вршител на должноста претседател на УСАГМ, веднаш откако од Пек беше побарана оставка.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски