Парите во здравството најмалку завршуваат за пациентите и лекарите

Од:

Лекарите се чувствуваат омаловажени и депримирани, пациентите се незадоволни и се жалат за негрижа. Се влошува состојбата на јавното здравство. Одлевањето на стручен кадар од јавните во приватните клиники не сопира, инфраструктурата на здравствените домови е пред распаѓање, клиниките веќе подолг период се соочуваат со нехигиена, катастрофални услови, бубашваби и лебарки, сé повеќе трошоците за лекување паѓаат на товар на пациентите.

Граѓаните сметаат дека корупцијата е најголем проблем во здравството кај нас. Дури тројца од секои десет анкетирани граѓани ја посочуваат корупцијата како главна причина за лошата состојба на јавното здравство. Со голема разлика на второ место е несовесното работење на здравствените работници, а дури потоа политичкото влијание во здравството, слабите реформи, превработеноста, несоодветниот кадар итн. Ова го покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе агенцијата „Рејтинг“.

Реалност е дека нашето здравство сé повеќе паѓа во колапс. Лекарите се незадоволни поради немањето на соодветни услови, а пациентите се незадоволни поради непружањето на потребната лекарска помош и нега.

Првите тврдат дека нивниот талент и знаење скапува во никакви услови каде што не се доволно ценети ниту пак платени, а вторите тврдат дека се чувствуваат понижени од нивната незаинтересираност и индинферентен однос. Очигледно е дека ни требаат промени и тоа под итно.

Интересно е дека Законот за здравствена заштита и здраствено осигурување, кој е донесен во 2000 година, до денес е менуван околу 20 пати, а Уставниот суд на Република Македонија во девет наврати има донесено одлука за укинување на негови одредби. Сето ова ни кажува дека креаторите на здравстената политика се аматери или пак нивна цел е да штитат инетерси на разни лоби групи.

Нееднаков пристап до здравствена заштита

Здравственото осигурување претставува една од суштествените потреби на секој граѓанин, кој сé почесто е соочен со здравствени проблеми, а како резултат на тоа и со трошоци за лекување, преку кои определени индустриски гранки изградија цели технолошки и финансиски империи.

Основна цел на здравственото осигурување и заштита е да се обезбеди сигурноста на човекот во ситуации кои се сé поизвесни, како од аспект на здравјето и медицината, така и од финансиски аспект.

Членот 39 од Уставот на Република Македонија вели: „На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“.

Значи, Уставот на РМ, меѓународните акти, Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување, подзаконските акти и другите правни прописи, гарантираат правно одржлив здравствен систем, но реалноста покажува сосема различно нешто.

Уставот гарантира право на здравствена заштита (некаде целосна, некаде половична, некаде минимална), но гарантира. И покрај тоа што пристапот до здравствената заштита би требало да биде еднаков за сите, денеска сме сведоци дека со измените на законот тој е ограничен и варира кај категоријата на невработени (некои го плаќаат, а некои не). А, каква здраствена заштита се нуди во Македонија е друго прашање.

И покрај тоа што граѓаните имаат право на здравствена заштита и некој вид на осигурување, но кога ќе се јави потреба од сместување во болница, медицинската сестра прво издава листа на лекови, инекции, инфузии- кои треба пациентот сам да ги купи, под изговор дека „Тие ги немаат“, пациентите мораат да купуваат дури и шприцеви и игли, а уште недостига да кажат „Ај, сам боцни се сега!“ , а на крајот ја добиваме дебелата болничка сметка, како шлаг на тортата.

Ќе се најде ли излез?

Како и да ја вртиме работата, се соочуваме со сериозна криза во државното здравство, која е толку голема што резултира со одлив на голем процент на пациенти, а и лекари, кои одат во приватното здравство.

Затоа, оние со подлабок џеб дирекно одат во приватните здравствени установи. Е, таму дека е поскапо, поскапо е, но барем добиваме квалитено здравство и ја добиваме потребната и соодветната нега и услуга. А парите што ни ги земаат секој месец за здравствeна заштита, каде завршуваат? Секако не за да имаме квалитетна здравствена заштита

На крај, можеме да кажеме дека пристапот до здравствената заштита не е за сите еднаков (и покрај тоа што Уставот тоа го гарантира). Ако имаш пари, ќе имаш квалитетна здравствена заштита! Ако не, уште повеќе ќе си го влошиш здравјето, справувајќи се со хаосот во јавното здравство што ни го нуди државата. Ќе се најде ли излез од лавиринтот?

Автор: Елена Павловска

Авторката е аналитичарка во онлајн магазинот „Револуција

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска