Легендарната радио и ТВ спикерка и водителка Бранка Станковска, која со децении беше една од најпрепознатливите јавни личности во Македонија, почина денеска во Скопје на 90-годишна возраст.
Станковска, која ги читаше вестите на првиот телевизиски „Весник“, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Телевизија Скопје во 1964 година, целиот свој работен век го помина во Македонската радиотелевизија (1948-1987).
Најавата на Станковска на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 година е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна, Станковска стана една од најпознатите спикерки и водителки на малиот екран.
Еве сегмент од раните денови на кариерата на Бранка Станковска, која овде се вклучува во новогодишната програма во на сите југословенски телевизиски станици во 1968 година:
Станковска продолжи да работи и по пензионирањето, а главно беше фокусирана на обучување на млади кадри.