Компанијата за анализа на пазарот, „Гејмингсмарт“ во својот извештај објави дека на крајот на декември, скоро две третини од пазарот ѝ припаѓаат на конзолата „Сони плејстејшн 5“.
„Сони панасоник“, инаку, продале 4,48 милиони примероци од конзолата, наспроти 2,4-те милиони – од серијата Икс на „Икс-бокс“. Во скоро сите анализирани 167 земји, „Сони“ го надминал „Мајкрософт“ (поточно, во 155 земји).
Сепак, „Мајкрософт“ го освои пазарот во САД и Кина. Во Америка односот е 50,18 насто спрема 49,82 насто, а во Кина – 62,27 отсто наспроти 37,73 отсто.