СДСМ: Пандемијата се стабилизира, следува вакцинацијата

Од:

Состојбата со пандемијата со коронавирусот во државата се стабилизира, бројот на новорегистрирани случаи и на починати е намален, расте бројот на оздравени. Бројот на хоспитализирани пациенти во државата е намален двојно, со што значително се намалува притисокот врз здравствениот систем и медицинскиот персонал – констатираат од СДСМ во соопштение.

-Следува вакцинацијата како последната фаза од борбата против коронавирусот. Многу брзо ги очекуваме првите 8.000 вакцини, од компанијата Фајзер, кои се обезбедени со помош на соседна Србија. Дополнително, во текот на следниот месец пристигаат и нови дози од вакцините така што наскоро може да започне имунизацијата. Институциите се подготвени, следува процес на имунизација на населението, за конечна победа над пандемијата. Преку повеќе механизми, државата обезбедува вакцинација за 1,2 милиони жители на Северна Македонија, односно за околу 60-70 отсто од вкупното население – порачуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација