Официјално: Кафеаните од утре ќе работат до 21 часот

Од:

Владата на Република Северна Македонија на 40-тата седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката за работното време на рестораните и другите угостителски објекти согласно која од 21-ви јануари се укинува одлуката за ограничување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти за работа до 18:00 часот.

Согласно овие измени, рестораните и угостителските објекти од 21-ви јануари ќе работат до 21:00 часот, по што ќе бидат затворени за посетители сите угостителски објекти и ресторани, како и угостителските објекти или делови за исхрана во угостителските објекти за сместување во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објект за сместување, како и објектите со угостителска дејност на бензинските станици.

Исклучок од оваа одлука се угостителските објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и рестораните или деловите за исхрана во угостителските објекти за сместување во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објекти за сместување за лицата сместени во овие објекти.

Угостителските објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да остваруваат продажба на алтернативен начин со онлајн или телефонски нарачки и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект преку штанд или пулт со почитување на основните мерки за дезинфекција, носење маски и одржување дистанца, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата

Владата со препораки за работодавачите за топлотниот бран

Горан Наумовски

Владата донесе одлука: Ќе има покачување на пензиите

Горан Наумовски

Владата не даде согласност за вработување на 155 медицински сестри во тетовската болница, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

ВМРО ДПМНЕ: Владата привлекува странски инвестиции и отвора нови работни места