АПЦ: Новиот закон за медиуми ќе го задуши интернетот – последната слободна арена на говор

Од:

Мерките предложени во новиот закон за медиуми ќе ја загрозат слободата на интернет медиумите, а содржините во печатените и онлајн медиумите кои ќе се филтрираат преку владина агенција, ќе доведат до цензура.

Ова е заклучокот на невладината Агенција за прогресивни комуникации од Калифорнија, според кој, Македонија е една од многуте земји каде граѓаните се борат за деморактија и против мерките за контрола на медиумите и ограничување на слободата на изразување, како и пристапот на информации.

Во соопштението на АПЦ, која праќа поддршка за фондацијата Метаморфозис која се бори за интернет слободата на македонските граѓани, се вели дека мерките предложени во новиот Закон за медиуми и аудио – визуелни услуги, преку кој сите печатени и онлајн медиуми ќе се филтрираат преку централизирана владина агенција, се овозможува законска цензура на содржини.

Бардил Јашари од фондацијата Метаморфозис, кој е член на АПЦ организација вели дека медиумите во Македонија се сериозно контролирани од страна на владата. Според него, контролата најчесто се остварува преку сопственоста на медиумите, односно дека сопственици на повеќето медиуми се луѓе кои се во тесна врска со владата.

– Според член 1 од предложениот нов закон за медиуми се уредуваат правата, обврските и одговорностите на медиумите издавачи, давателите на аудиовизуелни услуги и давателите на програмски пакети. Со други зборови, законот ќе одлучи дека улогите и одговорностите паѓаат на новинарите, уредниците и блогерите. Воедно, законот ќе бара „луѓето кои сакаат да ја информираат јавноста” преку печатените и електронските публикации да бидат регистрирани под владина агенција со произволна моќ да ги толкува законите. На пример, поради нејасната дефиниција на медиумите издавачи, поединци и невладини организации, ризикуваат да не бидат во можност да се регистрираат информативни портали – вели Јашари.

Јашари предупредува дека единствениот слободен простор за критичко јавниот дискурс и јавното изразување – е на интернет. Со новиот предлог – закон, Владата и’ се заканува на последната арена за слобода на говорот.

Македонскиот министер за информатичко општество, Иво Ивановски на 8 април 2013 година, ја презентираше нацрт-верзија на законот, при што најави два месеци период за јавна дебата. Сепак, без консултации со граѓанското општество се одржа првата нацрт верзија од предлог – законот.

АПЦ една од најголемите светски мрежи на невладини организации кои работат на нови технологии за инклузивен развој со над 50 членки од 30 земји. АПЦ ги поддржува организациите на граѓанското општество и Метаморфозис во нивните напори да се борат за слободата на интернет и човековите права во Македонија.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on