Раскинат договорот за закуп на дел од паркинзите во Охрид

Од:

Општината од денес и официјално го раскина договорот за концесионирање со паркизните во Охрид со компанијата која концесионираше со нив во изминатите неколку години. Станува збор само за дел од паркинзите сместени во строгиот центар на градот, додека за останатите паркинг места општината бара начин како да го раскине и тој договор.

Но, на терен ситуацијата и денес останува не променета, лица облечени во зелени униформи со фискални апарати во рака им наплаќаат на граѓаните. Неофицијално ако концесионерот не ја почитува одлуката општината ќе бара асистенција од страна на полицијата.

„Општина Охрид смета дека закупецот не ги исполнил обврските од договорот и го раскинува договорот за закуп, и тоа за централното градско подрачје за улицата „Македонски Просветители“ од пресекот со булевар „Туристичка“ до крајот на улицата вклучувајќи го и кружниот тек каде има 162 паркинг места ,улиците „Партизанска“, „Кузман Јосифоски Питу“, вклучувајќи го и паркинг-просторот кај хотелот „Ривиера“ со 95 паркинг места“, рече портпаролот Томе Џамтоски.

Градоначалникот Бакрачески денес писмено го известил досегашниот закупец на паркинзите во Охрид.Дека ситуацијата во Охрид со паркирањето е хаотична говори и податокот дека уште на многу улици во Охрид и понатаму ќе се наплаќа, а не се поставени ниту знаци дека на истите се наплаќа за паркирање со цел граѓаните да бидат информирани.

Од локалната самоуправа немаа одговор дали паркинизте за кои сега се раскинува договорот ќе се наплаќа и колку би била цената. Досегашната цена за еден час паркирање е 50 денари.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Катерина Ѓуровски

Жена од Јапонија паднала кај Канео, била во бесознание па е згрижена во болницата „Свети Еразмо“

Горан Наумовски

Почувствуван земјотрес во Охрид и околината

Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Горан Наумовски

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Серија земјотреси во регионот на подрачјето Пештани-Охрид-Струга

Горан Наумовски