Марко Џампаоло е разрешен од функцијата главен тренер на Торино, објави калчолигашот на својата официјална веб-страница.
Клубот им се заблагодари на Џампаоло и неговите соработници од стручниот штаб за сработеното.
Џампаоло го презеде раководството на Торино во август 2020 година. Под негово водство, тимот одигра 18 натпревари во Серија А, освои 13 бода и се наоѓа во зоната за испаѓање.
Полош пласман на табелата во Серија А од Торино имаат само Парма со 13 бода и Кротоне кој досега собра 12 бода.