Николовски: Започнува постапката за ажурирање и активна регистрација на членството, кое ќе бира претседател на СДСМ

Од:

Од денеска, во СДСМ започнува постапката за ажурирање на членството и активна регистрација на секој член. Согласно точно одредена процедура и рокови за реализација на постапката која ќе трае до 25 февруари, соопшти генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.

Еве го во целост обраќањето на Николовски:

„Сакам да се обратам до нашите членови, но, и до граѓаните на овој начин.

Затоа што СДСМ постојано се менува, се унапредува, демократизира, модернизира. Се подобрувме за подобро да ви служиме на Вам, граѓаните.

Ажурирањето на членството и активната регистрација се составен дел на новиот исчекор кон поголема внатрепартиска демократија.

Како што веќе најавивме, оваа година претседател на СДСМ ќе бираат членовите, на непосредни внатрепартиски избори. Тоа за прв пат се случува во нашата татковина и тоа го прави СДСМ, на што сме особено горди.

Се надевам овој чекор на СДСМ ќе инспирира и други партии во земјава да не следат, да се реформираат и реорганизираат. Тоа е здраво за државата. Колку поголема демократија толку подобро. Повеќе праведност, правичност, посилен напредок.

Постапката во СДСМ започнува денеска од најмалите организациони единици на партијата, месните одбори. Тимови од месните одбори ќе го посетат секој наш член, ќе разговараат ширум татковината, секако почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот.

Понатаму постапката продолжува во комисиите на општинските организации па се до највисоките партиски органи и до Централниот одбор. Целосно транспарентно и одговорно.

Активната регистрација, ќе може да се реализира и преку самостојно онлајн пријавување, во електронска форма.

Информациите и клучните чекори за овој процес се достапни на интернет страницата на СДСМ и на официјалните канали на социјалните мрежи.

Ги повикувам членовите да се информираат и оваа постапка да ја направиме заедно, темелно, одговорно, како што знае СДСМ.

Ваквиот, современ, транспарентен процес ќе го заокружиме со издавање на нови, модерни електронски членски картички, перонализирани за секој член на партијата. Досегашните хартиени ќе ги замениме со нови, дигитални.

Почитувани,

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија победува, но постојано се менува! Со нова енергија, подготвени сме за сите предизвици пред нас, на нашиот народ и на нашата македонска татковина да и понудиме нови успеси!,“ вели генералниот секретар на СДСМ Николовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса