ВИДЕО: Кривична за двајцата насилници кои во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе ги стават во киселина останатите патници

Од:

Двајцата насилници кои во автобус на ЈСП се закануваа и ги навредуваа останатите патници оти им побараа да стават маски, добија кривична пријава. Во изјава за „А1он“ од Министерството за внатрешни работи велат дека кривичната пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје е поднесена поради сомнение дека сториле кривично дело насилство.

„Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривичнa пријавa Р.З.(31) и Х.И.(31), двајцата од Скопје, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело ’насилство’, казниво по чл.386 од Кривичниот законик. На 05.11.2020 околу 17.30 часот во автобус на ЈСП-Скопје бр.7, на автобуската постојка ’Рекорд’ во автобусот влегле двете лица, кои не носеле заштитни маски, поради што во автобусот за кратко време почнала расправија помеѓу првопријавениот Р.З. и другите патници, поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19, при што тој почнал агресивно да се однесува и да им се заканува. Потоа второпријавениот Х.И. дошол до вратата од кабината на возачот на автобусот И.Б. (47) и му упатувал закани. По извршената идентификација на лицата, двајцата насилници се лишени од слобода и со нив е извршен разговор во полициска станица, по што е изготвена соодветна кривична пријава“, велат од МВР.

На социјалните мрежи веднаш по инцидентот беше објавена видео – снимка на која се слуша како едното лице упатува смртни закани кон патничка, за која беше објавено дека е повозрасна жена. Откако таа му укажала да стави маска додека се превезува со автобусот, што е задолжително поради заштита од коронавирусот, тој и вели: „Ќе треба на некого главата да му ја сечам, стварно сте безобразни, не се занесувајте, кујзнае какви лекови пиете“, а потоа додава: „немој госпоѓо да ми… немој… ќе те носам, во киселина ќе те турам, не знаеш со кого имаш работа“.

Второто лице, се слуша како се заканува на возачот на автобусот, бара да застане иако нема автобуска постојка.

„Шефе отвори вратата, ако нема станица, јас ти кажувам, јас ти велам“, вели второто лице, а откако возачот му вели: „Пополека, ќе се симнете, сите сме исти“, тој враќа: „Ние сме верници, вие сте неверници“.

Од видеото се слуша како во позадина женски глас дофрла: „Вака верник не се понаша“.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски