Полицијата растурила две домашни забави во Скопје, приведени 13 лица

Од:

13 лица кои биле дел од две домашни забави се приведени откако синоќа полицијата упадна во двата стана каде што имало собири со гласна музика и со повеќе лица од дозволеното според мерките за заштита од Ковид-19.

Сите кои биле затекнати на забавите се приведени и ќе добијат кривични пријави – информираат од МВР.

-На 17.01.2021 во 02.45 часот, по претходно добиени сознанија дека во стан на ул.„Рајко Жинзифов“ во Скопје има гласна музика и не се почитуваат мерките за заштита од ковид-19, полициски службеници од СВР Скопје, врз основа на судска наредба, извршиле контрола во станот, сопственост на С.Г.(34) од Скопје. Притоа, во станот бил затекнат сопственикот и К.Д.(33), Ф.Т(25), С.С.(27), Е.Ј.(26), Е.Р.(35), Р.М.(29), Т.Т.(26) – стои во сооптението од МВР.

Во исто време забава имало и во друг стан.

-Во истиот период, во координација со Јавен обвинител, од страна на Единицата за внатрешни работи Центар и интервентната полиција, во стан на ул.„Елисие Поповски Марко“ биле затекнати пет лица кои правеле забава, и тоа К.З.(20), Б.Л.(20), Р.А.(20), С.К.(21), сите од Скопје и В.П.(20) од Битола – соопштуваат од Министерството за внатреши работи.

Би можело да ве интересира

Овчарот по кој се трагаше цела ноќ пронајден мртов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

Шестгодишно дете возело електричен тротиент, се судрило со мотор и тешко е повредено

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Му зеле 22.500 евра, измамници му ветувале дека ќе му завршат работа да купи државно земјиште