Болниците во Англија примаат по еден ковид пациент на секои 30 секунди

Од:

Вработените во болниците се под екстремен пртисок вели шефот на НХС Англија, Сајмон Стивенс. Тој објаснува дека напливот на пациенти е голем. Од Божик досега примени се 15 илјади пациенти низ болниците во Англија што е еквивалент на 30 болници полни со ковид пациенти вели тој.

„ На секои 30 секунди во болниците во Англија се прима по еден пациент со коронавирус. Ова значи дека од утро до ручек болницата е веќе полна со пациенти“ – Стивенс.

Ситуацијата не е драматична само во Лондон и на југоистокот туку и во другите делови од земјата велат здравствените власти.

Очекувањата се дека ситуацијата ќе биде и покритична во следниот период. Велика Британија прва почна со вакцинацијата против коронавирусот, но има секојдневно високи бројки новозаразени и починати што е последица на новиот вид коронавирус кој е многу позаразен.

Би можело да ве интересира

Два милиона Британци страдаат од долгорочен Ковид

Објавен извештајот за „партигејт“

Британија подготвува есенска кампања за зајакнување на имунитетот против Ковид-19

Борис Џонсон меѓу казнетите за забавите на Даунинг стрит за време на локдаунот

Џонсон ќе одговара на полициски прашања за забавите на Даунинг стрит за време на локдаунот

Катерина Ѓуровски

Две третини од заразените со омикрон во Британија веќе прележале коронавирус

Катерина Ѓуровски