Царовска на средба со СОНК: Синдикатот е наш важен партнер, заедно ќе ги спроведеме реформите

Од:

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска имаше средба со претставници на Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК и неговиот претседател Јаким Неделков, на која разговараа за претстојниот реформски процес во основното образование и за предложената нацрт-концепција.

Како што соопшти МОН, претставниците на СОНК и министерката се согласија дека реформите во образованието се нужни и навистина треба да се направат и потенцираа дека синдикатот е важен парнер во носењето на новата концепција и спроведувањето на реформите.

Министерката Царовска истакна дека овој процес требало да се случи уште пред една деценија и дека секој ден доцнење е на директна штета на учениците и на идните генерации.

Првпат во последната деценија во нашата држава, наведува МОН, во образованието се прават реформи на исклучително транспарентен начин и со вклученост на сите страни и ќе се најде баланс во предлозите со цел да се направат реформи во најдобар интерес на децата.

– Со предложената концепција за секое дете во државата ќе бидат достапни позитивни и современи модели на учење кои во моментот може да си ги дозволат само дел од граѓаните, а наставниците ќе добијат слобода во организирањето на наставата, но и кариерен развој и можности за унапредување, рекла Царовска.

МОН додава дека реформата не се прави од денеска за утре, тука е резултат на широка консултација и на долгогодишни меѓународни и домашни анализи, но и ставови на наставници, родители и ученици.

Mинистерството за образование и наука ги продолжува дебатите и консултациите за Нацрт-концепцијата и соопштува дека во нив од самиот почеток се вклучени раководството на СОНК и регионалните претставништва на СОНК, експерти, професори и други засегнати страни и меѓународни организации и институции како УНИЦЕФ, Светска банка, УСАИД, амбасадите на Велика Британија и Швајцарија, Делегацијата на ЕУ.

-Сите изразија поддршка затоа што реформите треба да резултираат со квалитетно основно образование. Концепцијата е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование донесен пред околу една година и е дел од владината програма, наведува Министерство за образование и наука во соопштението.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов