Сенатот веројатно ќе го осуди Трамп и ќе му забрани повторно да се кандидира, пишуваат медиумите

Од:

Многу е веројатно дека американскиот Конгрес ќе му забрани на претседателот Доналд Трамп да се кандидира за втор мандат, јавија американски медиуми, откако Трамп вчера влезе во историјата на САД како прв претседател кој бил отповикан двапати.

Претставничкиот дом го одобри предлогот за импичмент на американскиот лидер поради „поттикнување на бунт“ – 232 конгресмени против 197 гласаа за импичмент на претседателот.

Гласањето покажа знаци на длабока поделба во Републиканската партија. Десетмина републиканци ги поддржаа демократите во гласањето. Ова е историски најголемата поддршка за едно отповикување од страна на конгресмени кои се од иста партија со претседателот. Претходно, во 1998 година, петмина демократи гласаа за импичмент на Бил Клинтон.

На првото судење во Сенатот на почетокот на минатата година, само сенаторот од Јута, Мит Ромни, ги поддржа демократите. Тогаш Трамп беше ослободен од обвинението.

Сега се очекува повеќе републиканци да им се придружат на демократите. Потребни се 17 републиканци за да ги поддржат демократите во Горниот дом за да го осудат американскиот лидер.

Лидерот на мнозинството Мич Меконел изјави дека судењето ќе започне откако Џо Бајден ќе ја презеде функцијата на 20 јануари.

Обвинението во Сенатот мора да биде донесено со двотретинско мнозинство, за што се потребни 67 гласа. Од 20 јануари, демократите и републиканците ќе имаат по 50 сенатори, а за решавачко гласање ќе биде потпретседателката Камала Харис. Тоа значи дека 17 републикански сенатори мора да гласаат со демократите за да го осудат Трамп.

Американскиот претседател беше ослободен од обвинението во претходниот процес, кога само еден републиканец во Сенатот се изјасни дека Трамп е виновен.

Овој пат, процесот може да биде различен. Меконел смета оти однесувањето на претседателот заслужува импичмент. Ако тој гласа за осуда на Трамп, другите републиканци би можеле да го следат примерот.

Доколку Трамп биде прогласен за виновен, тоа не значи автоматски дека повторно ќе му биде забрането да се кандидира за претседател.

За да се случи тоа, Сенатот треба да одржи уште едно гласање, на кое со просто мнозинство се одлучува дали на Трамп ќе му биде забрането да се кандидира за каква било јавна функција во САД.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ