Брисел ги предупредува членките на ЕУ да не се обидуваат сами да ја набавуваат вакцината

Од:

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, денеска ги предупреди земјите-членки на ЕУ да не се обидуваат да склучат одделни договори за набавка на вакцини, бидејќи тие со заеднички договор го пренеле тоа право на Комисијата.

– Дозволете ми да ве потсетам дека со одобрување на договорот за делегирање на преговорите за набавка на вакцини на Европската комисија, вие се согласивте да не започнувате сопствени процедури за набавка на вакцини со истите производители, им рече комесарката Киријакидес на министрите за здравство на земјите-членки, разговарајќи за здравствената состојба во ЕУ преку видео-врска.

Земјите-членки на ЕУ во јуни минатата година и дадоа мандат на Европската комисија да преговара и да склучуваат договори за набавка на вакцини во нивно име.

Изминатите денови, е актуелна објавата на Германија дека склучила билатерален договор со „Фајзер/БиоНТек“ за набавка на дополнителни 30 милиони дози. Исто така, Кипар се обиде да склучи договор со Израел за набавка на вакцини.

– Го разбирам притисокот на јавноста во земјите-членки и стравот од граѓаните, но склучувањето паралелни договори само го поткопува европскиот пристап што веќе даде резултати, рече комесарката.

Европската комисија досега има потпишано договори за набавка на вакцини од шест различни производители, од кои двајца веќе се одобрени за употреба, „Фајзер/БиоНТек“ и „Модерна“.

Вакцината се дистрибуира до земјите-членки според нивниот удел во вкупната популација на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он