Извршени 2.608 надзори и контроли последната недела, затворени пет угостителски објекти

Од:

Вкупно 2.608 надзори и контроли по основ на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони се извршени од 4 до 10 јануари, од страна на седум инспекциски служби. Затворени се пет угостителски објекти.

При тоа, како што соопштија од Владата, се забележува дека и понатаму се намалува бројот на издадени решенија од страна на Државниот санитарен и здравствен нспекторат, за изолација на лица заболени од коронавирус и на лица кои биле во контакт со заболени лица.

Во последните седум дена Државниот пазарен инспекторат изврши 1.789 контроли и 156 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна и по основ на материјалите закони. При тоа, ДПИ изрече 14 прекршочни пријави, 42 решенија за констатираните неправилности, како и 14 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, пет решенија се изречени за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести. Решенијата се издадени на еден угостителски објект во Скопје, еден во Охрид и три објекта во Гостивар, поради непочитување на дозволеното работно време, при што објектите се затворени на лице место.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 4 до 10 јануари, изврши 40 надзори. При тоа, ДСЗИ во посочениот период издаде вкупно 3.900 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на корона вирусот и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19, што преставува намалување во однос на претходниот период.

Во посочениот период, Државниот инспекторат за труд, изврши 412 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава, со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки на сите работни места. При спроведените контроли, овој инспекторат изрече четири решенија и еден платен налог. Решенијата се издадени за непочитување на материјалните закони, односно во делот на прекршувања за исплата на плати и регреси за годишен одмор. Платниот налог е издаден за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Инспекторат за транспорт, во истиот период изврши 22 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се три прекршочни пријави, едно решение и еден прекршочен платен налог. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз на патници.

Агенцијата за лекови и медицински помагала (МАЛМЕД) во истиот период спроведе девет надзори во аптеки и веледрогерии по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона, при што не се констатирани неправилности.

Државниот инспекторат за животна средина, во текот на минатата недела изврши вкупно седум надзори, при што изречено е едно решение на правно лице за непочитување на Законот за води.

Во периодот од 4 до 10 јануари, Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 173 надзори, при што се издадени три решенија и се спроведени 15 едукации.

Инспекциските служби и во следниот период продолжуваат со интензивни контроли на терен во целата држава,со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштити здравјето на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Над 250 платни налози изречени при контролите на Пазарниот инспекторат во првата половина на мај

Ана Ололовска

ДПИ: При вчерашните контроли на „Кванташки“ изречени парични казни од над 580.000 денари и 30-дневни забрани за вршење дејност

Ана Ололовска

На Кванташки вчера биле одземени над 15 тони овошје и зеленчук, пријави и казни за прекршителите

Ана Ололовска

ДПИ: Извршени над 650 надзори, наплатени преку 175 прекршоци вредни повеќе од 6 230 000 денари

Ана Ололовска

ДПИ ќе ги контролира цените на тестенините и млечните производи

Ана Ололовска

ДПИ: Граѓаните да внимаваат при онлајн купувањето

Ана Ололовска