Сите ги вакцинираат прво постарите, само Индонезија започнува со помладите: Стратегијата е доведена во прашање

Од:

Денеска во Индонезија започна масовна вакцинација, но експертите велат дека тоа што прво ќе бидат вакцинирани младите, нема да помогне во намалувањето на смртните случаи, бидејќи старите лица се најзагрозени.

Во Велика Британија, првиот што ја прими вакцината Ковид-19 беше 90-годишна пензионерка. Во Канада, првиот примател беше само нешто помлад со 89 години. Во Германија првиот вакциниран беше дедо во старечки дом стар 101 година.

Но, во Индонезија, земјата најпогодена од вирусот во Југоисточна Азија со 836.718 потврдени случаи и 24.343 смртни случаи, владата избра неортодоксна стратегија за вакцинација, пишува Ал Џазира.

Во првата фаза, која започнува денес и продолжува до крајот на март, 1,3 милиони здравствени работници и дополнителни 17,4 милиони вработени во јавните служби – полицајци, војници, наставници и бирократи бесплатно ќе ја добијат вакцината изработена од Кинеска компанија Синовац Биотек.

После тоа, ќе се вакцинираат повозрасните вработени.

– Индонезија е насочена кон продуктивна возраст од 18 до 59 години наместо постари луѓе, бидејќи не сме ја завршиле третата фаза од клиничките испитувања за луѓе на оваа возраст со вакцината Синовац – изјави портпаролот на Министерството за здравство, д-р Надија Викеко.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници