Околу 200 полицајци беа вклучени во акцијата спроведена против албанската мафија во регионот околу Мулуз, јавува дописникот на МИА од Париз.
Во акцијата уапсени 40 лица во регионот на Мулуз и три на германска територија за кои се сомнева дека шверцувале дрога. Според изјавата на обвинителот од специјализираната меѓурегионална правосудна јурсидкција, Реми Кутан, во акцијата биле запленети и околу 50 килограми на средства за пресекување (мешање) на дрогата.
Оваа албанска мафија претходно се развиваше на територијата на Швајцарија, пред да се разграни и одомаќини во Франција.
– Сите уапсени лица за кои се сомнева дека се вмешани во шверц со дрога се ставени во притвор во регионот на Мулуз и тие ќе треба да се појават пред обвинителот до крајот на неделата. Минатата есен беше спроведена една слична ваква акција на француската полиција во која беа уапсени околутриесетина лица.