Во Екатеринбург почна самитот ЕУ-Русија

Од:

Првите луѓе на ЕУ и рускиот претседател Владимир Путин во Урал официјално ја отворија средбата на врвот, на која главни теми ќе бидат Сирија, правата на човекот и енергетиката, пренесоа француските медиуми.

Participants attend the EU-Russia Summit in Yekaterinburg

По синоќешната официјална вечера во Екатеринбург, индустриски град во Урал на 1.500 километри источно од Москва, Путин денеска ја отвори расправата во присуство на учесниците од ЕУ, како претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо.

Во својот поздравен говор Путин го спомена бумот во трговската размена меѓу ЕУ и Русија, но не ја спомена кризата во Сирија, која е предмет на длабоки разлики.

-ЕУ е убедена дека нема алтернатива на политичкото решение во Сирија, изјави Ван Ромпуј на почетокот на разговорите.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон вчера за руските медиуми изјави дека има намера на овој форум да зборува за правата на човекот и за некои закони, што опозицијата и активистите за правата на човекот ги сметаат за штетни за основните слободи и што беа донесени по враќањето на Путин во Кремљ во мај 2012 година.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски