Пет од осум контролирани угостителски објекти во Струга не ги почитувале одредбите за задолжително растијание меѓу масите и прусуство до четири лица на маса, утврдиле при вчерашната контрола инспектори од Државниот пазарен инспекторат и полициски службеници.
СВР Охрид денеска соопшти дека во еден угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир од страна на четири лица.
– Во еден угостителски објект, лицата А.В.(21), А.В.(25) и Г.В.(25) од струшкото село Велешта и Т.С.(28) од селото Долно Татеши, го нарушиле јавниот ред и мир. Тие се повикани во Полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив како и против одговорните во угостителските објекти, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави, изјави портпаролот Стефан Димоски.
Димоски посочи дека полицијата ќе продолжи со своите активности со цел доследно спроведување на мерките за заштита и превенција од ширење на корона вирусот и почитување на безбедносните протоколи во угостителски објекти.