Облечени како „староседелци“, со крзнени елеци и голи до половината се дел од упаѓачите во американскиот Конгрес

Од:

Голи до половината, со крзнени елеци и американски знамиња во рацете, како американски „староседелци“ се дел од приврзаниците на Доналд Трамп кои насилно упаднаа во зградата на Конгресот на Вашингтон.

Дел од нив удобно се сместија во фотелјите во холот на на Конгресот, а еден од демонстрантите со нозете на маса седна во канцеларијата на Ненси Пелоси, која вчера повторно беше избрана за претседател на Претставничкиот дом на Конгресот и остави порака за неа дека нема да се повлечат.

Од галеријата фотографии што ја објавуваме, може да се види дел од атмосферата во Конгресот и демонстрантите кои зазедоа еден дел од зградата.

Полицијата пред Конгресот употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, а градоначалникот на Вашингтон воведе полициски час.

Дел од демонстрантите, според објавените фотографии, се облечени во крзна, како американските староседелци и одмараат во ходниците од Конгресот, на кожните гарнитури.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот