Илјадници привзраници на претседателот на САД, Доналд Трамп се собраа во Вашингтон пред одржувањето на седницата на Конгресот. На собирот наречен „Спас за Америка“ зборуваше Трамп и рече дека демократите „ги наместиле изборите како никогаш до сега“
„Ги наместија изборите како никогаш до сега, а и синоќа лошо ја одработија работата. Никогаш нема да се откажеме и нема веќе ова да го трпиме. Ќе ја запреме кражбата. Убедливо победивме“ – порача Трамп.
Вкупно 535 членови на Конгресот кои го сочинуваат Сенатот и Претставничкиот дом заседавањето го почнуваат во еден часот по локално време. Се работи за една од завршните процедури за верификација на исходот од изборниот процес кој го предвидува Уставот на државата.