Преку нашинец во Швајцарија, прилепската болница доби донација во респиратори-вентилатори

Од:

Прилепската болница доби швајцарска донација од 20 респиратори-вентилатори, многу битни во лекувањето на ковид-пациентите, особено на тие со потешка клиничка слика. Донацијата е со помош на нашинец, Дејан Аџиоски, кој живее и работи во Швајцарија и поради неговото пријателство со швајцарската фирма за медицинска опрема БЦД „Микротехник“.

– Ова е многу значајна донација за пациентите со потешка клиничка слика, а ќе се користи и по пандемијата, главно, на интерното одделение, вели директорот на прилепската градска болница „Борка Талески“, Драган Богојески.

-Со овие респиратори ќе им обезбедиме доволен внес на кислород и подобрување на сатурацијата на пациентите кои се лекуваат од Ковид-19. Апаратите соодветно ќе се распределат на сите ковид-оддели за пациентите со потешка клиничка слика, изјави Богојески.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски е благодарен на донацијата, која е прва во земјава од оваа швајцарска фирма. При денешната видео комуникација со соптсвеникот на фирмата Седрик Пахут и со нашинецот Аџиоски, се заблагодари на донацијата и се надева на идна соработка.

– Ова е големо добротворно дело за Прилеп и за граѓаните. Опремата ќе им помогне на сите кои поминувата со Ковид-19, особено е битно зашто Прилеп е меѓу градовите со голем број случаи. Ова ќе го олесни лекувањето, рече Јованоски.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп