Вевчанскиот карневал ќе се одржи со дел од обичаите и почитување на ковид-протоколите

Од:

Традиционалниот Вевчански карневал, кој околу 15 века се одржува на 13 јануари во Вевчани, поради пандемијата со коронавирусот, годинава ќе се одржи под посебни мерки и протоколи со цел заштита од ширење на Ковид-19, но ќе задржи дел од обичаите, преку кои вевчанци со векови наназад „го бркаат злото“.

Заменик претседателот на василичарското друштво „Долна маала“, Перо Тешиноски вели дека имаат притисок од населението за одржување на традицијата, со која се „брка лошото“.

– Секојдневно разговараме со василичарите за почитување на мерките и протоколите. За предводниците, односно зетот, невестата, глупавиот август и музичарите можам да гарантирам дека ќе се придржуваат кон препораките за држење дистанца. Се надевам дека и останатите ќе го испочитуваат ветеното. Имаме голем притисок од жителите да се направи вековниот обичај, со кој се брка лошото, изјави Тешиноски.

На синоќешниот состанок, на друштвото било договорено дека нема да се реализираат обичаите од 12 јануари, но ќе се одржи маскенбалот следниот ден под посебни протоколи со маски и држење растојание. За вечерта најавуваат традиционална посета на домовите, но без влегување внатре.

Од василичарското друштво „Горна маала“ велат дека ја следат состојбата и насоките и деновиве ќе излезат со став.

Би можело да ве интересира

Обвинителството ги утврдува причините за смртта на седумесечното бебе од Вевчани

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

A1on

Без традиционалното василичарско оро симболично одржан Вевчанскиот карневал

Горан Наумовски

Откажан забавниот дел на Вевчанскиот карневал, симболично дефиле под маски

Со дефиле под маски почнува Вевчанскиот карневал, традиција од околу 15 века

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици