Вкупниот број на неосновани барања за азил во периодот од 31 Декември 2012 – 3 февруари 2013 година е намален за 45%, стои во најновиот извештај на Европската комисија за состојбата со азилантите.
Бројот на азиланти е намален за речиси половина во Македонија, Србија и Црна Гора, се наведува во извештајот на Комисијата, која од неодамна доби задача да го набљудува функционирањето на Шенгенскиот договор и да известува за неговото спроведување на секои шест месеци.
Исто така, Комисијата утврди дека е зголемен бројот на азиланти од Албанија и Босна и Херцеговина.
Во Брисел проценуваат дека најновите податоци ја намалуваат опасноста во Македонија и Србија повторно да се воведе визниот режим, зад чија иницијатива стојат неколку држави – членки.
Петар Клинчарски