Најмногу дожд во Штип и Гевгелија

Од:

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Штип, 38 литри на метар квадратен, по што следат со 30 Гевгелија и со по 28 Крива Паланка, Струмица и Берово. Дваесет литри наврнале во Демир Капија, 16 во Ѓуриште, 9 Претор, 7 Тетово, 6 Охрид, Битола, Прилеп, 5 Скопје-Петровец, Пожаране, 4 во Скопје-Зајчев Рид, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните утрински температури се над нулата. Изутринава времето е сончево со умерена облачност, а по одделни котлини има појава на магла.

УХМР најавува дека во текот на денот насекаде ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено во западните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Во Скопје претпладне со слаба магла и ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски