Европската агенција за лекови денеска не излезе со препорака за употреба на вакцината против коронавирус на американската компанија „Модерна“ во Европската унија.
„Комитетот за лекови за луѓе денеска не ги заврши разговорите за вакцината на Модерна. Разговорите ќе продолжат на 6 јануари“, соопшти ЕМА.
Доколку биде одобрена в среда, вакцината на Модерна ќе стане втора вакцина против Ковид-19 што ќе биде одобрена за употреба на пазарот на ЕУ, по онаа на „Фајзер“ и „Бионтек“.