509 казни за брзо возење на првиот ден од 2021

Од:

На првиот ден од новата 2021 година полицијата казнила 509 возачи низ државава за пречекорување на дозволената брзина информираат од Министерството за внатрешни работи. Најмногу казни за брзо возење има во Тетвов, 94, потоа е Скопје со 80.

„На 01.01.2021 во периодот од 10.00 до 18.00 часот сите сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа засилена акциска контрола за управување на возило со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 509 возачи, кои ја пречекориле дозволената брзина.
Притоа, на подрачјето на СВР Тетово биле санкционирани 94 возачи за брзо возење, СВР Скопје евидентираше 80 казни, 70 санкции за брзо возење се констатирани на подрачјето на СВР Битола, 61 на СВР Охрид, а една помалку (60) на подрачјето на СВР Куманово. СВР Струмица регистрираше 59 казни, СВР Штип 48 санкции, СВР Велес 25, а од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата беа санкционирани 12 возачи“ – стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена