Велика Бритнија повторно ги активираше итните ковид болници кои беа подгнати на почетокот на пандемијата и од вчера ги затвори сите основни училишта во Лондон во обидот да го запре ширењето на новиот вид коронавирус.
Со повеќе од 50 илјади новозаразени во последните четири дена, британската здравствена служба апелираше на обезбедување повеќе болнички кревети.
Со оглед дека главниот британски град е едно од најтешко погодените подрачја со новиот сој на вирусот за кој се тврди дека е многу позаразен од оригиналниот вид, владата реши да ги затвори училиштата кои ќе преминат на онјалн настава.