Македонски државјанин е осомничен дека претпладево околу 10:20 часот во нивниот дом во Тирана смртно ги застрелал Кристина Барди, со која живеел во вонбрачна заедница, и нејзината сестра Жанета Метани.
Двојното убиство, според полицијата се случило во домот во кој живееле во населбата „Астир“ во Тирана.
На местото на настанот беше директорот на полицијата на Тирана, Ребени Јаупи, кој соопшти дека е издадена потерница и апелраше до секој кој има каква било информација да и ја пренесе на полицијата.
– Сторителот на двојното убиство е Перпарим Адеми (59) од Северна Македонија. Тој испукал повеќе куршуми од автоматско оружје, кое го оставил на местото на настанот и се дал во бегство. Ангажирани се големи полициски сили за негово пронаоѓање. Објавивме и негова фотографија и апелирам до секој кој може да помогне во негово пронаоѓање, апелираше Јаупи.
Тој додаде дека пред неколку години Перпарим го сменил презимите од Тела во Адеми.
– Перпарим Адеми го сменил презимето кое до тогаш го имал односно Тела. Убиството го извршил пред очите на децата на една од сестрите. Првичниот мотив е дека до немилиот настан дошло поради кавга со една од сестрите околу продолжувањето на вобрачната заедница, рече Јаупи.
Тој посочи дека се известени сите полициски станици во земјата, а остварен е контакт и со македонските колеги.