САД: Потпретседателката Харис ја прими првата доза од вакцината на „Модерна“

Од:

Новоизбраната потпретседателка на САД, Камала Харис, и нејзиниот сопруг Даг Емхоф, денеска ја примија првата доза од вакцината против Ковид-19, јави ДПА.

-Сакам да ги охрабрам сите да ја примат вакцината, рече 56-годишната Харис по добивањето на инјекцијата. “Буквално, ова е спасување животи. Јас верувам во науката и научниците се тие што ја создадоа и одобрија оваа вакцина”.

Вакцината, создадена од компанијата „Модерна“, и беше дадена во Медицински центар во Вашингтон, а за да биде максимално ефикасна треба да се примат две дози, пренесе германската агенција.

Други врвни јавни службеници, вклучувајќи го и новоизбраниот претседател Џо Бајден и сегашниот потпретседател Мајк Пенс, претходно добија дози на вакцината „Фајзер“ / „БиоНТек“, првата вакцина што беше пуштена во САД.

Претседателот во заминување Доналд Трамп, кому му беше дијагностициран Ковид-19 во октомври, допрва треба да прими вакцина против коронавирусот, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ