Масовно предновогодишно труење на кучиња во Битола, активистите бараат да се откријат трујачите

Од:

Активисти за заштита на животните од Битола јавуваат за расфрлан отров во речиси сите населби во градот и масовен помор на улични кучиња и миленици како резултат на труењето.

„Организирано масовно труење на кучиња и тоа маалски миленици кои се стерилизирани и вакцинирани од страна на Фондација Бибевски во Битола. Сите знаеме кој стои позади ова, не е поединец, поединец ќе фрли отров на едно
куче, а не низ цел град во исто време,“ стои во објавата на битолските активисти.

„Информираме дека на 27 и 28.12.2020г. во 14 населби е фрлено големо количество отров и затруени се голем број на кучиња (едно се уште се бори за живот). Ние Здружение за заштита на животните МАЛИ ХЕРОИ Битола и Фондација Бибевски испративме претставка и кривична пријава со спроведен записник до СВР Битола и Основно јавно обвинителство Битола БАРАМЕ согласно со Кривичниот законот, да се спроведе казна за фатен сторител на дело.

Труењето на бездомните животни, и опасноста од расфрлање на отрови и отровни материи на јавни површини се сериозни проблеми со кои ние како граѓани многу често се сретнуваме и неопходно е да им се стави крај!“

„Апелираме на граѓанска одговорност, совесност и свесност да во вакви случаи ВЕДНАШ повикаат полиција и го пријават делото. Очекуваме темелна истрага од полицијата, зошто фрлањето отрови е опасно за сите, и прашање е на време кога нечиј живот ќе биде загрозен.

Потсетуваме дека отровот има подеднаква разорна моќ да за пет минути убие и некое дете. Апелираме дека оној кој на ваков начин убива животни, не е стабилна личност и е опасност за секого.

Потсетуваме и дека овие дејствија се забранети со закон и претставуваат Кривични дела, по членовите 218- загадување на животната средина, 232-внесување опасни материи во земја, 233-мачење на животни, 234-тешки дела против животната средина и можеби најважно 288-предизвикување општа опасност, од кривичниот закон на Р.М, за кои може да се добие
казна затвор од 6 месеци до 10 години,“ велат активистите за заштита на животните од Битола.

Би можело да ве интересира

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Мајка од Србија ја труела својата ќерка со седативи, здравјето на девојчето е тешко нарушено

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж во Сплит чувал волци и кучиња во нехумани услови

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов