Почна расчистувањето на дивата депонија во Визбегово

Од:

-Отпадот и нелегалното депонирање се прашања со кои, за жал, сме соочени во повеќе региони, а на коа ние, како Министерство за животна средина посветено работиме. Иако депониите се надлежност на општините, ние како централна власт го разбираме предизвикот и се трудиме на различни начини да ја поддржиме локалната власт за надминување на долгогодишните проблеми во оваа област. Драго ми е што денеска почнуваме со чистење на една од најголемите еколошки закани на подрачјето на Скопје која особено во зимскиот период влијае врз квалитетот на воздухот, но и на почвите рече министерот за животна средиа и просторно планирање Насер Нуредини при посетата на депонијата во Возибегово чие чистење почна денеска.

Градот Скопје почна голема акција за расчистување на дивата депонија во Визбегово, која претставува повеќедецениски еколошки проблем за Скопје, а особено за жителите на околните општини Шуто Оризари, Бутел и Чучер Сандево. Од оваа депонија која се протега на површина од 10 хектари (околу 10 фудбалски игралишта) ќе бидат расчистени околу 50.000 кубни метри шут и комунален отпад.

-Овој проблем овде постои повеќе децении и директно влијаеше врз квалитетот на воздухот зашто депонијата често беше предмет или на самозапалување или пак ја палеа несовесни граѓани. Денешната акција е доволен доказ дека извонредната соработка меѓу локалната и централната власт може да резултира со конечно решавање на ваквите проблеми. Голема благодарност до Владата, а особено до министерот за животна средина за неговиот личен ангажман за одвоените средства од страна на Министерството за животна средина за да може да ја реализираме оваа акција. Јас очекувам во наредните 30-на дена да ја исчистиме оваа површина од околу 10 хектари или околу 10 фудбалски игралишта од која ќе бидат подигнати 50.000 кубни метри комунален смет и шут, да се израмни и да се заштити подрачјето, за овој простор од депонија да прерасне во зелена оаза – рече градоначалникот Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски