Динамо Дрезден продаде 72.000 влезници за натпревар пред празни трибини

Од:

Германскиот третолигаш Динамо Дрезден продаде дури 72.112 влезници за натпреварот од второто коло во националниот куп против Дармштад, одигран во вторникот пред празни трибини на стадионот „Rudolf-Harbig“.

Поранешниот првак на некогашна Источна Германија им понуди на своите навивачи таканаречени „влезници за духови“ по цена од пет евра со цел да му помогнат на клубот да се справи со финансиските загуби поврзани со пандемијата на коронавирус.

Раководството на Динамо се надеваше дека ќе бидат продадени околу 30.000 влезници, а вкупната заработка од продадените над 70.000 влезници изнесува 340.560 евра.

Клубот соопшти дека влезниците биле продадени во повеќе од 30 држави ширум светот, вклучувајќи ја и Австралија.

-Ова беше неверојатна акција. Им симнуваме капа на нашите навивачи. Никогаш не сум видел ништо слично на ова, изјави на клупскиот сајт, напаѓачот на Динамо Дрезден, Патрик Вејхрух.

-Многу пари во време без приходи од публика. Драги навивачи на Динамо, ви благодариме на неверојатната поддршка“, напиша клубот на својот твитер профил.

Динамо Дрезден го загуби натпреварот со 3:0.

Би можело да ве интересира

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска