Светскиот и европски првак со француската фудбалска репрезентација Лилијан Турам не го оправда својот син Маркус, кој беше суспендиран на шест натпревари. Играчот на Борусија Менхенгладбах заработи казна за плукање во лице противнички фудбалер.
– Го гледав тој натпревар и не можев да поверувам. Не ми се веруваше дека мојот син го стори тоа. Подоцна тој ми раскажа сè. Беше многу изнервиран, тоа не го стори намерно. Го направи во афект. Немаше намера да навреди некого. Маркус е добро свесен дека ова однесување е сосема неприфатливо, изјави Лилијан Турам за „RCI Guadeloupe“.
Дваесет и тригодишниот фудбалер е казнет и парично со 40 илјади евра.
Суспензијата на Маркус Турам се однесува за натпревари од германската Бундеслига, како и во Купот на Германија.