Израелска делегација, во придружба на Џерад Кушнер, во Мароко за надградба на билатералните односи

Од:

Израелски дипломати вчера пристигнаа во Мароко на средба со кралот и да ја подготват надградбата на билатералните односи меѓу двете земји, по договорот за нормализација со посредство на САД.

Британските медиуми наведуваат дека делегацијата, предводена од советникот за национална безбедност, Меир Бен Шабат, е придружувана и од Џеред Кушнер, зетот на претседателот Трамп и творец на идејата за панарапско приближување кон Израел.

Делегацијата пристигна во Рабат од Тел Авив со првиот директен лет на „Ел Ал Израел ерлајнс“, што беше воведен на оваа дестинација по склучувањето на договорот за нормализирање на односите.

-Договорот постигнат со посредство на САД е клучен чекор кон воспоставување регионален мир и стабилност, рече кралот на Мароко, Мохамед Шести по разговорите со Бен Шабат и Кушнер.

Кралската палата го потврди својот став за поддршка за изнаоѓање на заедничко решение за израелско-палестинскиот конфликт и ги истакна нејзините блиски врски со мароканската еврејска заедница.

Мароканските и израелските власти потпишаа договори за поврзување на авијацијата и финансиските системи, управување со водите и укинување на визите за носителите на дипломатски пасоши.

-Нема граници за соработка … во областа на авијацијата, иновациите, здравството, земјоделството. Како пријатели и партнери, ќе придонесеме за промени во регионот, рече Бен Шабат.

Шабат го покани мароканскиот крал да го посети Израел, наведе кабинетот на израелскиот премиер.

Покрај тоа, потпишан е договор според кој американска Меѓународната финансиска корпорација за развој ќе понуди три милијарди долари за поддршка на приватните инвестиции во Мароко и субсахарска Африка во соработка со марокански компании.

Мароко е четврта арапска земја што склучи договор за нормализирање на односите со Израел, по Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Судан. Склучувањето на договорот беше со посредство на САД, кои по овој чин го признаа суверенитетот на Мароко над Западна Сахара.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“