ВИДЕО: Најмалото девојче на светот

Од:

Мајката на петгодишната Шарлота Гарсајд, не сака нејзиното девојче да го нарекуваат бебе иако не е повисока од 80 сантиметри. Шарлота која живее во англискиот град Видернси родена е со ретко пореметување во растот.

Тешка е четири и пол килограми, колку што може да биде тежината и на новороденче.


При раѓањето имала само еден килограм и била многу кревка. Напроти сето тоа Шарлота живее нормален живот колку што е можно. Оди на јавање и на училиште.

-Многу е љубопитна, а нејзината способност за учење е на ниво на тригодишник, што е повеќе од тоа што очекувавме. Се плашев дека другите деца би можеле да ја повредат, но таа има тутор кој внимава на неа, а и не е толку нежна колку некој би помислил, рече нејзината мајка Ема.

Според неа никој не знае уште колку Шарлота може да порасне.

-Шарлота секогаш не изненадува.Не знаевме дали ќе биде во состојба да комуницира со надворешниот свет. Но таа напредува и едвај чекам да видам што ќе ни донесе идната година – изјави Ема.

Петгодишното девојче е именувано како најмало на светот но таа титула не е официјална бидејќи во Гинисоват книга за рекорди ја нема оваа категорија.

Портпаролката на Гинисовите рекорди појаснува дека последен носител на рекордот е сега веќе возрасна жена од Индија, која што е висока 74,1 сантиметар и е пониска од Шарлота, а е повисока од најнискиот човек на планетава Чандре Бахадур Дангиј од Непал чија висина изнесува 64,5 сантиметри.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он