Лажна вест: Во Австралија вакцината ги зарази примателите со ХИВ, опасни алергии, контраефекти во САД и во светот!

Од:

Интернет-страницата „Коложег.инфо“ објави дезинформација со наслов „Во Австралија вакцината ги зарази примателите со ХИВ, опасни алергии, контраефекти во САД и во светот!“

Во текстот интернет-страницата лажно се повикува на објава од „Ројтерс“, а линкот поставен во содржината води до содржините на „Спутник“.

Ниту во еден од двата медиума нема ваква содржина.

„Ројтерс“ има објавено проверка на факти, која покажува дека станува збор за лажна вест.

„…Реактивните резултати регистрирани кај некои од учесниците во испитувањето на вакцината со CSL и Универзитетот во Квинсленд се докажаа како лажно позитивни во следните тестови“, стои во објавата на „Ројтерс“.

Објавата на „Колежег.инфо“ е илустрирана со фотографија што не е од Австралија, туку од Тенеси, САД, и нема поврзаност со контраефекти на вакцината.

Сестрата што се онесвести во Тенеси по примањето на вакцината објасни дека честопати ја губи свеста кога чувствува болка.

Лекарите од меморијалната болница CHI рекоа дека ова губење на свеста не е поврзано со вакцината на „Фајзер“.

Веста е споделена 145 пати, според фејбсук-страницата на овој портал

Веста е лажна.

Би можело да ве интересира

Лажна вест: Ќе останеме без леб за 26 дена

Лажна вест: Долга колона пред ВМА во Белград, илјада луѓе чекаат да проверат дали се заразени од коронавирус

Искра Манојлоска

(ВИДЕО) Лажна вест: Специјализантка по дерматологија од Тетово заразена со коронавирус

Искра Манојлоска

(ВИДЕО) Лажна вест: Докторката со коронавирус била на свадбата на Љупчо Николовски и на партиски состаноци

Искра Манојлоска

(ВИДЕО) Лажна вест: Во полициската станица во Шутка нема табла со македонски јазик

Искра Манојлоска

(ВИДЕО) Шекеринска беше против амнестија, сега ја поддржува

Наум Локоски