Половина Скопје во мрак, чади трафостаница на ЕВН

Од:

Половина Скопје триесетина минути е во мрак. Жители од различни делови на градот јавуваат дека струја снемало неколку минути пред 18 часот. Нема струја во делови од Центар, Карпош, Тафталиџе и од Нерези.

ЕВН утврдило дефект на 110 киловолтна трафостаница од која со струја се напојуваат неколку населби, но најавуваат дека за кусо време ќе биде пуштена струја кај сите кај кои има прекин.

„Веднаш по прекинот наши екипи излегоа на терен и открија дека има чад во 110 киловолтна трафостаница од која со струја се снабдуваат Сарај, Кондово, делови од Влае, делови од Карпош, Тафталиџе во горната зона и делови од Центар. Во моментов се прави итно премостување за напојување на корисниците кај кои има прекин од други, алтернативни места. Струја ќе добијат сите, без разлика што има дефект во трафостаницата“, велат од ЕВН за „А1он“.

Вклучувањето на струјата нема да биде едновремено кај сите корисници оти се прави од различни точки, на што веќе работи и диспечерскиот центар и екипи на терен.

Трафостаницата во која има чад ќе остане исклучена, се додека не се открие причината за дефектот. Од ЕВН велат дека посебно во Сарај и Кондово, кои се снабдуваат со струја од оваа трафостаница, многу често има прекумерна потрошувачка на струја, но причините за овој дефект допрва ќе ги утврдуваат.

Речиси истите делови од Скопје во кои сега нема струја, имаа прекин и минатиот месец, кога од ЕВН објаснија дека поради дефект во трафостаница на МЕПСО, добиле струја со повисок напон поради што снабдувањето автоматски се исклучило.

Од ЕВН велат дека сегашниот дефект не е поврзан со оној од минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух