Половина Скопје без струја поради дефект во трафостаница на МЕПСО

Од:

Неколку скопски населби денес околу пладне останаа без струја. Од ЕВН објаснуваат дека дефектот е во трафостаница на МЕПСО од каде што добиле струја со висок напон поради што снабдувањето автоматски било прекинато за да не се случи оштетување на мрежата. Снема струја во делови од Центар, Капиштец, Тафталиџе, Козле и Ѓорче Петров.

„Од МЕПСО добивме струја со повисок напон и се вклучи заштитата поради што беше блокирано снабдувањето со струја. Технички не е можно во мрежата на ЕВН да се извшри прием на струја со повисок напон. Во нашата мрежа нема дефект, но струја нема оти чекаме да се стабилизира напонот на струјата што ја добиваме од МЕПСО“, објасни Ленче Карпузовска, менаџер на оддел за маркетинг и комуникации во ЕВН.

Одредени делови во кои снема струја, веќе се приклучени на системот. Од ЕВН уверуваат дека како ќе паѓа напонот на струјата што ја добиваат од МЕПСО така корисниците повторно ќе се поврзуваат. Во некои населби прекинот траел 15 минути, а некои пак се уште чекаат да им дојде струја.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

Левица: ЕВН наплаќа „милиони“ за модерна мрежа, додека граѓаните добиваат неквалитетна услуга

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 21 август 2026 изнесува 174,06 евра за мегават час, на МЕМО 140,58 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час