(ВИДЕО) Стоилковски: Градоначалникот Шилегов склучил договор и го плаќал адвокатското друштво Шилегов

Од:

Петре Шилегов како градоначалник на Скопје плаќа консултации за правни работиам на себе. Градоначалникот Шилегов склучил договор и го плаќал адвокатското друштво Шилегов – обвини на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој рече дека градоначалникот си испаќа по 50.000 денари месечно или 10.000 евра годишно.

„Ова е класичен криминал, класичен судир на интереси, класична корупција и злоупотреба на позиција на функција. Без трошка срам, а и спротивно на законот за спречување на корупцијата, Шилегов како градоначалник користи услуги од неговата фирма, адвокатско друштво „Шилегов и партнери“, со што ја празни градската каса. Наместо поквалитетни услуги за скопјани, Шилегов си обезбедува уште по 50.000 денари месечен хонорар покрај платата, а за возврат, поскапува паркинзи за скопјани со образложение дека нема пари во градската каса. Се’ мора да поскапи за да има за Шилегов за хонорари, и за таквите како него, покрај функционерската плата да има и за хонорари за услуги. Градот Скопје тоне во смог, градот Скопје тоне во смет, тоне во бетон, за проблемите нема пари за решение, ама има пари за хонорари од Петре за Шилегов“ – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Обвинителство наводно истражува заговор, власта и директорите на Хирургија се договараат

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор не кажаа за колапсот

Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег

(ВИДЕО) Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и четири милиони во банка?

(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Горан Наумовски